Челси очекува попуст од Јувентус: Дали тоа ќе биде олеснителна околност за „Старата дама“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси оваа зима добро се истроши.

Откако беше купен Кристијан Пулишиќ за следното лето од Борусија Дортмунд, пристигна и Гонзало Игуаин.

Аргентинецот технички се води како позајмен играч од Јувентус за чија позајмица се платени осум милиони фунти, а целиот трансфер да биде готов, потребно е „Плавите“ да платат уште 32 милиони. Маурисио Сари и повеќе од се сака да го задржи.

Во Лондон се надеваат на попуст од јасна причина, на Јувентус платата на Игуаин им е притисок.

Напаѓачот има годишна плата од 16 милиони фунти која ја плаќа Чечси кој верува дека би можел да оствари попуст на име на купување токму од таа причина.

„Бјанконерите“ ја официјализираа соработката со Арон Ремзи кој, според некои наведувања, ќе има годишна плата од 20 милиони фунти.

Нешто повеќе од Игуаин, па заминувањето на Аргентинецот може да ја затвори финансиската конструкција.