Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако некој има шанса за еден ден да заигра за Челси од 39 играчи колку што ги има на позајмица, тогаш тие се овие тројца поради одличната форма во оваа сезона.
Политиката на Челси во последните неколку години е доведување на големи светски таленти и испраќање на позајмица, па доколку се покажат, тогаш ќе имаат шанса и во Челси.
Сега Челси има 38 играчи на позајмица.
Сепак, само тројца стручнаците предвидуваат дека еден ден ќе играат во Челси, а тоа се Андреас Кристенсен, Тами Арахам и Бертран Траоре.
Кристенсен е втора година во Борусија од Мехенгладбах, таму овој дефанзивец е стандарден, иако има само 20 години. Може да се случи во следната година да заземе место и во стартниот состав на Челси.
Тами Ибрахам во оваа сезона е во Бристол Сити во Чемпионшип каде што е еден од најталентираните играчи.
Веќе постигна 13 голови во сезоната, многу клубови од Премиерлигата се интересираат за него. Комотно во овој момент може да биде резерва во Челси на Диего Коста, иако има само 19 години.
Бертран Траоре во минатата сезона беше одличен во Витесе, а во оваа веќе стигна во Ајакс. Овој 21-годишен напаѓач постигна 4 гола на 12 натпревари, па сиите се оптимистични дека ова момче од Буркина Фасо може да го заземе местото во екипата на Антонио Конте.