Челси посакува играч на Аталанта

Како што пренесува Скај Спортс од Челси се силно заинтересирани за еден од најдобрите играчи на Аталанта, Брајан Кристанте.

23 годишниот играч од средниот ред има одлична сезона зад себе и со своите настапи веќе го привлече вниманието на неколку гиганти од Италија како Јувентус и Наполи.

За поранешниот играч на Милан сега интерес покажува и тимот на Челси кој и од следната година веројатно ќе има италијански шмек.