Челси прифаќа трампа со Барса, Реал спокоен!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Како што пишувавме и претходно, Еден Азар пресече, сака само во Реал Мадрид.

Не сака да потпише нов договор, во летото 2020. му истекува договорот, па „Плавите“ ќе бидат приморани да го продадат во наредниот преоден рок.

Самиот Белгиец ќе бара трансфер, Реал очекува дека ќе заврши работа, иако Челси бара 100 милиони евра за својот најдобар играч.

Меѓутоа, таа цена е нереална и сигурно дека ќе мораат да ја спуштат.

Барселона проба да се вклучи во играта, а Челси е расположен за Азар евентуално да го добие Кутињо. Ваква мамка Реал нема, меѓутоа Белгиецот не сака во Барселона.

Тој и порано изјави дека единствено е заинтересиран за Реал Мадрид и дека порано или подоцна ќе му се оствари сонот. Исто така демантираше дека неговото доаѓање на „Бернабеу“ било врзано со Зидан кој му е идол.

Азар не сака сега да зборува за трансфер, посветен е на Челси, сезоната сега не изгледа ветувачка, како што беше на почетокот, а поразот до Арсенал додатно ги здрма Плавите.

На среќа на Азар, стигнува Игуаин, па Сари веќе нема да го користи како „лажна деветк“. Белгиецот не крие дека не сака да игра на таа позиција.