Челси стапил во контакт со претставници на врвен напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Челси ги започнале првичните преговори со претставниците на напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин.

Откако Јувентус го комплетираше трансферот на Кристијано Роналдо вреден 105 милиони фунти, сега ќе мора да продава дел од своите најдобри играчи со цел да ги покрие правилата на Финансискиот фер плеј.

Маурицио Сари работеше со Игуаин додека и двајцата беа во Наполи, а потоа Аргентинецот се пресели во Јувентус каде продолжи со одличните настапи.