Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека Челси е подготвен да го ангажира Фелипе Кутињо наредното лето, откако не се прилагоди во Барселона.
Фудбалерот кој стигна како едно од најголемите засилувања во Барселона од Ливерпул и беше платен 140 милиони фунти, има потешкотии во Каталонија.
„Метро“ пишува дека Челси ќе понуди 100 милиони фунти за Кутињо, но останатите англиски медиуми сметаат дека тоа не е реално.
Во секој случај, Бразилецот работи на својата форма и тешко може да се очекува негов трансфер во Премиерлигата.
Тоа што е сигурно е дека Ливерпул нема да се обиде да го врати назад, а тоа го потврди и Јирген Клоп.