Червар бара затвор за судиите, а еве каков одговор пристигна од Данска…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Судиите во затвор! Луѓето од нашите простори ги бие глас дека се нефер. Хрватите, Србите, Босанците… Нвоспитани, нефер, вакви такви… а ова? Ова е за затвор! Вака не навредуваат при очи. Тие судии и натаму ќе судат некои важни натпревари. Како? Тие не можат повеќе ништо да судат“, урлаше Лино Червар откако Хрватска беше поразена од Германија синоќа, по што остана без шанси за пласман во полуфиналето на СП.

Червар и неговите играчи полудеа на судските одлуки во завршницата на натпреварот против домаќинот кој со триумфот над Хрватска избори пласман меѓу четирите најдобри репрезентации на светот.

Изјавата на Червар за данските судии крена прашина и во Данска, а на хрватскиот селектор му одговорија некогашните ракометари Каспер Хвидт и Клаус Молер Јакобсен.

„Со оглед на се што видовме, мислам дека нашите судии одлично си ја одработија задачата“, истакна легендарниот голман.

„Германска така имаше пет исклучувања во првото полувреме, а Хрватска само две. Невозможно е да се биде судија и да не се погреши. Можеби тогаш се потребни да се воведат дополнителни механизми“, додаде, но потоа призна дека судиите погрешиле кога на Германците им ја долелиле топката по пробивањето на Карачиќ во 59. минута.

„Натпреварот беше тесен и една одлука многу значи. Јасни ми се нивните фрустрации“.

Негвото мислење околу ситуацијата за која најмногу се зборува го дели и Јакобсен.

„Не… Мислам дека тоа не беше прекршок. Тешка одлука, но погрешна“.