Червар ќе биде жестоко казнет поради изјавата по мечот меѓу Хрватска и Германија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германија ја совлада Хрватска со 22-21 и така им ги згасна шансите за пласман во полуфиналето, а по натпреварот селекторот Лино Червар беше бесен, па имаше коментари за судиите.

Червар кажа дека тоа било грабеж и дека судиите треба да се затворат, а поради тие обвинувања го чека голема казна од ИХФ.

На прашањето дали му е страв од суспензија, Червар кажа дека нема да го казнат затоа што е 45 години во ракометот и смее тоа да го каже.

Селекторот на Хрватска беше лут на данските судии Хансен и Гједин, кои во последната минута досудија пробивање од Игор Карачиќ и им го урнаа сонот на Хрватите.