Четири погодоци – Реми на Пелистер против Ботев Пловдив


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пелистер на денешниот пријателски натпревар ремизираше против бугарскиот Ботев Пловдив, 2:2.

На почетокот на натпреварот Косоко му донесе водство на Ботев. После петнаесетина минути игра резултатот беше израмнет, а погодокот за Пелистер го постигна Илијоски од пенал.

Добрев во второто полувреме ја врати предност на бугарскиот клуб. Мирчевски го израмни резултатот и ги постави конечните 2:2.

Ова беше втор пријателски натпревар за Пелистер во Анталија, а претходно битолскиот клуб ремизираше против Монтана, 0:0.