Четири скокалници – Најубава новогодишна приказна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека голем број на спортисти размислуваат каде ќе ја дочекаат Новата година, скијачите кои се занимаваат со ски скокови немаат таква дилема.

Тие во Новата година влегуваат работејќи го тоа што најдобро го знаат, гладијаторски борејќи се за остварување на сонот кој се вика Четири скокалници!

Во новогодишните денови ски скоковите и познатата турнеја Четири скокалници ќе го имаат вниманието. Многумина кои не сакаат ски скокови и спортот, не ја пропуштаат шансата да ги следат натпреварувачите на Четири скокалници.

Таа може да го добие името најубава новогодишна приказна, која нема свој крај, бидејќи секоја година раѓа нови херои. Традицијата, системот на натпреварување, посебната атмосфера која владее ја прави турнејата уникатна.

Идејата за ова натпреварување била на управата на скијачки клубови од Германија и Австрија и од таа причина овие 2 земји се избрани да бидат домаќинит. Гармишпартенкирхен во 1953-та година ги пречека натпреварувачите и тоа е почеток на светлата историјата на турнејата Четири скокалници.

Датумите на одржување на останатите натпреварувања во рамки на Четири скокалници се менуваа, само Гармишпартенхирхен традиционално се одржува на први јануари и оваа традиција продолжува да се негува.

Привилегија да биде дел од турнејата има уште Оберздорф, каде таа почнува, а потоа следува преселба во Австрија, односно во Инзбрук и Бишофсхофен.

За важноста на Четири скокалници за скијачите не треба да се зборува. Самото учество на неа е голема чест, а освојување на титулата значи влез во бесмртните. Низ долгата историја на натпреварувањето се раскажани убави приказни и се видени неверојатни пресврти.

Системот на натпреварување е таков што освоените поени од секоја скокалница се собираат и на тој начин се добива вкупниот победник. Доволен е еден лош скок и сонот за освојување на Четири скокалници може да се изгуби.

Турнејата создаде многу херои, а меѓу најголемите е Финецот, Јан Ахонен. Ахонен низ кариерата успешно се соочи со притисокот и победи дури 5 пати во генералниот пласман. Дури ни тој не успеа да направи нешто што му успеа само на еден човек, а тоа е да победи на сите четири натпреварувања.

Германецот Свен Ханавалд во сезоната 2001/02 доминираше во 50-то издание на Четири скокалници.

Титулата оваа сезона ја брани Петер Превц, а неговиот бран Домен доаѓа на неа како водечки во генералниот пласман во Светскиот куп.

Има многу кандидати за победник, а на нас останува да го избереме фаворитот.

Од 29 декември започнуваат квалификациите во Оберздорф, па се до 6 јануари кога е големото финале во Бишофсхофен ќе видиме многу емоции, голема борба и на крајот победникот.

Уживајте во оваа прекрасна приказна наречена Четири скокалници.