Чеферин: Европскиот фудбал никогаш не бил постабилен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека европскиот фудбал никогаш не бил на постабилни нозе, а наголеми заслуги за ова ги препиша на финансискиот фер-плеј (FFP).

Според истражувањата на УЕФА, клубовите во 2011. година пред да биде воведен ФФП биле во вкупна загуба од 1.7 милијарди долари, а оваа година првпат работеле во суфицит.

УЕФА според извештаи за фискалната 2017. година установила дека клубовите оствариле колективен приход од 20.1 милиони евра што е за 1.6 милијарди евра повеќе во однос од претходните години. Колективно клубовите во 2017. години биле во плус од 600 милиони евра.

„Поради финансиски фер-плеј, европскиот фудбал е поздрав од кога и да било. ФФП постави платформа за клупска контрола на трошковите и плаќање на долговите“, изјави Чеферин.

Оваа година УЕФА примени ново правило да секој клуб кој ќе премине 100 милиони евра во трансфери автоматски да оди под истрага.