Чеферин застана во одбрана на гигантите, ФИФА донесе голема одлука!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европските гиганти како Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Барселона, Баерн Минхен и многу други беа против промена на форматот на Светското клупско првенство, но сепак на денешниот состанок во Мајами беше потврдено дека ќе се прошири натпреварувањето.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин беше единствениот кој застана во одбрана на европските гиганти и гласаше против промените, но неговото барање беше одбиено, па од 2021 година во натпреварувањето ќе настапуваат 24 клубови.

Првото издание на новото светско клупско првенство ќе се одржи во јуни и јули 2021 година, а ќе учествуваат победниците во Лигата на шампиони и Лигата на Европа од последните четири сезони. Јужна Америка обезбеди шест тимови, додека Африка, Азија и КОНКАКАФ имаат по три.

ФИФА проценува дека новиот турнир може да оствари приходи од речиси милијарда евра  има главен спонзор, а тоа е јапонската банка „СофтБанк“.