Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лестер минатата сезона се качи на врвот на англискиот фудбал. Гомилата на анонимци во Лестер ги доведе Стив Волш, тој е човекот заслужен за доаѓањето на Варди, Марез, Канте, Фухс и останати други. Тој го напушти Лестер и стана дел од стручниот штаб на Евертон.
Овој Јануари е прилика за Волш да доведе играчи од својот вкус во Евертон.
Адемола Лукман од Чарлтон е желбата на Волш. Инаку Лукман не е толку непознат бидејќи и Арсенал своевремено покажуваше интерес за него.
Има 19 години и играше за младинските репрезентации на Англија, и многу брзо успеа да го покаже својот талент.
Оваа сезона Чарлтон игра во третата лига по ранг, има 7 голови на 25 натпревари а може да игра како лево крило или напаѓач.