Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возбудувањата во Лигата на шампионите продолжуваат утре кога на распоред се уште два реванш натпревари од 1/8 финалето од ЛШ.
Јувентус на свој терен ќе проба да го надокнади резултат од 0-2 од првиот натпревар со Атлетико Мадрид, додека Манчестер Сити на Етихад ќе го дочека Шалке.
Сити во првиот меч во Гелзенкирхен успеа со пресврт да слави со 3-2, па пласманот на Сити во 1/4 не би требало биде проблем.
Не дека Шалке нема шанси, но Германците веројатно веќе се предадоа.
Веќе видовме неколку спекакуларни враќања во 1/8 финалето од ЛШ, но Шалке веројатно нема премногу да се надева на ново чудо.
Како што пренесува Билд, тренерот на Шалке, Доменико Тедеско на Етихад ќе настапи со состав кој би можел да се нарече Б тим.
Тедеско е под голем притисок и свесен е дека резултатите во домашното првенство се императив доколку сака да ја задржи својата работа.
Сепак. мора да има на ум дена не смее да дозволи да се обрука на Етихад.