Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Бернабе беше пратена понуда од 10 милиони евра, но од Стокхолм стигна негативен одговор.
Суперталентираниот Александер Исак, детето кое во Шведска го прогласија за наследник на Златан Ибрахимовиќ подолго време е на радарот на кралскиот клуб.
Лос Бланкос тргнаа во акција да го доведат кај себе, но првиот напад беше одбиен.
Шведскиот весник Експресен напиша дека АИК не ја прифати понудата на Реал од 80 милиони круни, 10 милиони евра.
За него се заинтересирани и голем број на европски гиганти.