Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доста изненадувачки и помалку шокантни резултати видовме во денешните натпревари од Премиер лигата.
Првиот фаворит за титулата Ливерпул одигра само нерешено против тимот на Лестер на својот стадион. На „Енфилд“ резултатот беше 1:1, а двата погодоци паднаа во првото полувреме.
Најпрво Садио Мане го отвори резултатот, а пред самиот крај на првиот дел Хари Мегваер го израмни резултатот и тоа беше на сила до самиот крај.
На „Виталити“ видовме неверојатен резултат кој ретко дека некогаш ќе се повтори. Тимот на Борнмут со огромни 4:0 славеше против Челси и на одличен начин му посака добредојде на Игуаин во Премиер лигата.
За малку ќе бевме сведоци на шокантен резултат и на „Вембли“ каде Тотенхем во последните моменти од средбата успеа да дојде до победа од 2:1 против Вотфорд.