Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Речиси сите играчи кои ја носеа играта на Црвена Звезда во последните години ова лето го напуштија клубот, а како капак на се дојде и заминувањето на веројатно најуспешниот тренер во историјата на клубот, Дејан Радоњиќ.
Навивачите на клубот останаа шокирани по денешното соопштение дека одличниот стратег нема да продолжи на клупата на „црвено белите“.
Зад себе Радоњиќ остави многу, клубот го водеше на 326 натпревари, оствари неверојатни 239 победи, во клупските витрини донесе девет трофеи (три пати шампион во АБА Лигата, три пати шампион во првенството на Србија и три пати шампион во Купот на Србија), а оваа сезона го однесе клубот и во плеј-офот од Евролигата.