Шок во Челси – Англиски клуб понуди огромна сума на пари за да го врати дефанзивецот


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На почетокот на јануари раководството на Челси одлучи да го врати од позајмица Нејтан Аке после одличините одиграни натпревари во Борнмут.

Борнмут реши да го возврати ударот. Англискиот клуб испрати понуда од 21 милион евра за откуп на договорот на холандскиот дефанзивец. Челси најверојатно одлучил одлуката да ја донесе Аке.

Тоа беше одлична работа на сините гледано од финансиски аспект бидејќи во 2011-та година, тогаш 16-годишниот Аке беше доведен од Феенорд за 800 илјади евра.

Во првиот дел од оваа сезона овој холандски фудбалер играше за Борнмут каде настапи на 12 натпревари и постигна 3 погодоци.