Шок за светската јавност: Насри под истрага поради допинг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот клуб Севиља соопшти денес дека националната анти-допинг агенција ги истражува лекарските извештаи на Самир Насри кој неодамна бил на лекување во клиника во Лос Анџелес.

Клиниката „Дрип докторс“ во вторникот на друштвените мрежи објави фотографија на која е Насри,а  во описот напишаа „му помагаме да остане хидриран и во врвна здравствена состојба“.

Терапијата на Насри содржи „голема доза на витамин Б и Ц, како и аминокиселини.“

Хесус Гомез изјави за медиумите дека анти-допинг агенцијата го контактирала клубот и побарала детални информации.

Овој 29-годишен фудбалер од средината на теренот, кој во Севиља стигна на позајмица од Сити, се појави денес во тренинг центарот каде продолжи со подготовките.

Севиља моментално е на 3-то место со 33 бодови, 4 помалку од Реал, но и натпревар повеќе.