Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Мексико започна плеј-оф за првата лига, а екипата на Марадона, Дорадос во првиот натпревар го совлада Атлетико Сан Луис со 1-0. Сепак кога е во прашање Марадона, не може да биде ништо нормално, па ниту овој натпревар.
Ел Пибе повторно „дивееше“ и направи висинска збрка на теренот во судиското продолжение, се караше со сите и се расправаше со противничкиот тренер.
Почна дури и да танцува, а судијата на крајот го исклучи од натпреварот.
Додека го напушташе теренот Марадона ја бакна тревата, се прекрсти и предизвика овации кај домашните навивачи. Ел Пибе е на добар пат да стане легенда и кај Дорадос.