Шпанецот пред заминување – Каталонците знаат кој ќе го замени


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иднината во Барселона на Луис Енрике е под знак прашалник, ќе видиме дали и следната сезона шпанскиот тренер ќе седи на клупата на каталонскиот гигант.

Луис Енрике на крајот на сезоната би можел да ја напушти Барселона.

Тој изјави дека не е сигурен дека ќе остане во клубот и после завршувањето на оваа сезона, но знае дека никаде во друг клуб освен во Барселона нема да работи.

„Ако мојата иднина не е овде, тогаш не е никаде“, изјави Енрике.

Медиумите пронајдоа замена. Шпанска Марка соопшти дека неговиот наследник би можел да биде Ернесто Валверде.

Се работи за актуелниот тренер на Атлетик Билбао во кој е од 2013-та година и постигнува фантастични резултати.

За Валверде беше заинтересиран и Реал Мадрид после заминувањето на Бенитез, но на клупата на Реал тогаш стигна Зинедин Зидан.