Шпанија со осумка на Лихтенштајн, Италија славеше во Израел


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанија и Италија со победи ги отворија квалификациите за СП во 2018 година во Русија.

Италија гостуваше во Израел во првото коло од групата Г, и тоа доста тешко, но заслужено дојдоа до првите три бода, поради тоа што славеа со 3:1.

Гостите поведоа со голот на Пеле, а Кандрева поентираше од белата точка во 31 минута за 2:0,

Само три минути подоцна, Бен Хаим погоди за 2:1, а од 55 минута Италијанците играа без исклучениот Киелини, но тоа не ги поремети нивните планови.

Што повеќе, Имобиле во 83 минута погоди за конечни 3:1, а тој претходно влезе во игра во 70 минута наместо Едер.

Во истата група се сретнаа Шпанија и Лихтенштајн, а Фуријата славеше со високи 8:0. Интересно, гостите губеа само со 1:0 на полувреме, но во вторите 45 минути примија дури седум.

Коста во 10 постигна гол за 1:0, а продолжението постигна уште еден гол со Роберто, Силва, Витоло, а крајот резервистата Мората даде два гола.