Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Челси, Кепа Аризабалага направи вистински скандал откако одби да излезе од игра пред изведувањето на пеналите во финалето на Лига купот против Манчестер Сити.
Шпанскиот чувар на мрежата не сакаше да го напушти теренот, па искусниот Аргенинец Вили Кабалеро залудно чекаше покрај линијата и на крајот мораше да се врати на клупата.
Овие двајца голмани после се имале конфликт во соблекувалната, Кабалеро имал што да му каже на младиот Шпанец, но и овој не му останал должен.
„Подобар голман сум од тебе и затоа останав на голот“, наводно Кепа му кажал на својот колега, а после ова Кабалеро начисто полудел, но соиграчите спречиле поголем инцидент.
Кепа на крајот беше казнет со одзимање на неделната плата (околу 220.000 евра), а се извини на колегите и на клубот.
„Направив голема грешка. Му се извинувам на тренерот, на Вили и на колегите како и на комплетниот клуб. Исто така се извинувам и на навивачите. Од ова многу ќе научам и ќе ја прифатам потполно казната од клубот“, истакна Кепа.
Talk about absolute balls for Kepa Arrizabalaga, stand your ground and courage of your convictions. Good morning. pic.twitter.com/4ehechUVwJ
— Sifiso Gumede (@Sifiso_Gumede) February 25, 2019