Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Денеска на „Олд Трафорд“ се игра големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, но по првите 45 минути нема голови, туку еден куп повреди.
Манчестер јунајтед најмногу ослабен остана по првите 45 минути, зашто најпрво играта мораше да ја напушти Андер Ерера, а на негово место влезе Переира во 21 минута.
Само четири минути подоцна, нов шок за „ѓаволите“, а овојпат Хуан Мата беше заменет со Џеси Лингард, кој верувале или не, издржа само 18 минути, па потоа се повреди и беше заменет со Алексис Санчез во 43. минута.
Од друга страна, Ливерпул имаше проблеми само со Роберто Фирмино, кој мораше да биде заменет во 31. минута од дербито, а на негово место во игра влезе Даниел Стариџ.