Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Баерн не му оди во оваа сезона во Бундес лигата. Актуелниот првак на Германија моментално е петти на табелата, а изминатиот викенд не успеа да го совлада ниту тимот на Фортуна Дизелдорф, иако водеше со 3-1 до самиот финиш.
После средбата со Фортуна, Ноер се чини по малку иронично изјави дека Баерн сигурно би победил 5-0 доколку тој и неговите соиграчи ги спроведоа замислите на тренерот Нико Ковач на дело.
Ковач набрзо прокоментира и истакна дека неговата екипа „примила 17 голови од 20 шутеви“ и додаде дека тоа е недопустливо за голманот на првакот на Германија.
Се чини дека Ковач е во право, затоа што моментално Ноер според процентот на одбранети шутеви е на самото дно во Бундес лигата.
Тој во оваа статистичка категорија е 18. голман во Бундес лигата со вкупно 43.8% одбранети удари кои оделе во оквирот на неговиот гол.
Oh. pic.twitter.com/rRt4L0PlgF
— B/R Football (@brfootball) November 26, 2018