Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите тие кои мислат дека Лионел Меси се одлучи да се исфарба косата во сино од забава, се излажаа. Аргентинскиот фудбалер пред два месеци драстично го промени стилот, а тоа го направи бидејќи сака нов почеток.
„Ја направив таа промена за да почнам од нула. Поминав многу контроверзии, многу работи ми се случија и си реков на себе: Мораш оваа низа да ја прекинеш и да тргнеш од почеток“, истакна Меси.
29-годишниот фудбаслер на Барселона баш во тоа време се одлучи да ја напушти репрезентацијата на Аргентина после поразот во финалето на Копа Америка.
Тоа беше негов трет пораз по ред во финалина на големи натпреварувања, а претходно е прогласен за виновен за затајување на данок во Шпанија, но избегна затворска казна.
Меси, меѓутоа, во меѓувреме се одлучи да се врати во репрезентацијата.
„Чувстувам дека дојде наше време, поради тоа како тимое игра и како стигнавме до финалето. Но, тоа го почувстував во тој момент, се падна околу мене. Почувствував големо разочарување“, нагласи Меси.