Ѓаволот дојде по своето – Дијамантот на Генк доаѓа на Олд Трафорд, цената е „ситница“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сериозни преговори почнуваат наскоро, зделката може да биде завршена веќе во првата половина на јануари.

Фабриката на таленти на Генк во последните години лансираше цела серија на млади чии квалитети посебно ги ценат во фудбалскиот свет, но само во оваа некогашниот шампион на Белгија може да оствари рекорден профит.

Еден бисер, Вилфред Ндиди веќе го капираше Лестер за 18 милиони евра,  а како што јавуваат белгиските медиуми Ѓаволите дефинитивно дојдоа по своето.

Имено, Манчестер Јунајтед дефинитивно ги испрати своите најдобри преговарачи со цел од Генк да го добијат најсјајниот бисер – Леон Бејли.

Момчето за чии квалитети се зборува наголемо и нашироко, но и посветува посебно внимание на критичарите, голема желба на Жозе Мурињо.

Баш како и дијамантот на Бенфика – Виктор Линделоф, за кого Јунајтед спрема дури 45 милиони евра.

Наводно, Мурињо сериозно се „заљуби„ во најдобриот млад играч на белгискиот шампионат, толку што по секоја цена сака да го доведе на Олд Трафорд веќе во оваа зима.

Меѓутоа, техничкиот директор на Генк Димитри Де Конте рече дека Генк нема да го пушти така лесно. Во клубот, имаат намера Бејли да го задржат барем до следното лето, со тоа што понуда од барем 25 милиони евра може да го промени размислувањето.

Тоа не е се. Бидејќи, Генк во случај на евентуална продажба сака да го задржи Бејли на позајмица до крајот на сезоната.

„Ако ни стигне некоја мега-понуда, за белгиски стандарди, нема да ја одбиеме сигурно. Не можеме. А ако тој е спремен да направи еден таков голем чекор во кариерата, ќе биде многу тешко да го задржиме во клубот. Во категоријата играчи до 20 години тој е апсолутно на врвот, затоа мислам дека понудата мора да биде барем 25 милиони“, рече Де Конде.

А тоа е нешто што одговорот во Рома и Наполи ги натера да свртат грб и да затворат врата. Ливерпул и понатака размислува. Сити мерка, но Јунајтед има конкретна намера да направи нешто.