Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ ја освои првата титула во новата натпреварувачка сезона откако со 2:1 по сетови го победи Кевин Андерсон на егзибицискиот турнир во Абу Даби.
Иако освои титула, овој турнир не влегува во официјалниот календар на АТП, па така претставува само сатисфакција за српскиот тенисер кој со дополнителен мотив ќе влезе во 2019 година.
Ѓоковиќ новата сезона ќе ја започне на турнирот во Доха кој ќе се одржи во првите денови од 2019 година.