Ѓоковиќ фуриозно, Зверев потешко од очекувањата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, фуриозно со 3:0 по сетови (6:2, 6:2, 6:1) го победи чешкиот претставник Адам Павлишек во меч од второто коло на Вимблдон.

Ѓоковиќ одлично го почна натпреварот веднаш земајќи брејк на Чешот. Веднаш потоа го доби и гемот на свој сервис, а во продолжение до крајот на сетот ја чуваше предноста.

Вториот сет Србинот го доби на идентичен начин, а во третиот беше уште пофуриозен добивајќи го со високи 6:1.

Миша Зверев со 3:2 потешко од очекувањата славеше против претставникот од Казакстан, Кукушкин. Германецот имаше убедлива предност од 2:0 по сетови, но Кукушкин успеа да се врати и да израмни на 2:2 и да го однесе натпреварот во неизвесен финиш.

Сепак, Германецот беше посконцентриран на крајот и го доби финалниот сет со 6:4 со што си закажа дуел во третото коло веројатно со Роже Федерер.