Ѓорческа гази сè пред себе и обезбеди полуфинале во Истанбул!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во Истанбул.

Ѓорческа денеска беше подобра од Русинката Дарија Кружкова и го продолжува својот пат кон финалето на турнирот.

Нашата тенисерка имале лош почеток, но успеа веднаш да се врати во дуелот и да стигне до 6-3 во првиот сет, а во следниот беше уште подобра и го освои со 6-2.

Инаку, претходно Ѓорческа беше подобра од првата носителка Кромачева во првото коло и од Јорук во следното коло.