Ѓорческа експресно се пласираше во финале во Киасо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не станува збор за поединечна конкуренција, туку за конкуренција на двојки.

За помалку од 1 час, Ѓорческа и Најденова ги елиминираа Џорџес и Сигнаукс со 6:1 и 6:3.

Ѓорческа и Најденова одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 1:0, а во наредниот гејм го одземаа сервисот на противничките за 2:0.

Сигурната игра продолжи и понатаму се до 6-от гејм, кога повторно Ѓорческа и Најденова успеаа да направат брејк и да стигнат најпрво до 5:1, а потоа и со сигурен сервис со 6:1 во првиот сет.

Во вториот сет имаше повеќе возбудувања, барем на почетокот. Најпрво Ѓорческа и Најденова направија брејк за 1:0, а потоа противничките вратија и израмнија на 1:1. Но повторно брејк од страна на Ѓорческа и водство од 2:1.

Со сигурен сервис продолжија до 7-от гејм кога повторно направија брејк и поведоа со 5:2, а потоа имаа мали потешкотии на свој сервис и го изгубија за 5:3, но во наредниот гејм направија брејк и победија со 6:3.