Ѓорческа немаше среќа и испушти пласман во финале во Истанбул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, загуби во полуфиналето на турнирот во Истанбул од Ралука Шербан по голема битка, која траеше три часа и 55 минути.

Почетокот на натпреварот беше израмнет, но нашата тенисерка во финишот на истиот стигна до брејк и го освои првиот сет со 7-5.

Ѓорческа имаше одличен старт и во вториот сет, откако направи почетно водство, но набрзо Шербан го елиминираше и по голем пресврт и борба во тај-брејкот стигна до 7-6.

Во последниот сет Романката водеше од самиот почеток, па на крајот стигна до конечни 6-3 и обезбеди пласман во финалето на турнирот во Истанбул.