Ѓoковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата – Србија ќе падне во транс


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши својата кариера. Тој објави дека сака да игра на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Еден од најголемите, според многумина и најголемиот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, нема намера да ја заврши кариерата.

Ноле следната година ќе го прослави својот 39. роденден. Сепак, тој сè уште игра на високо ниво и се стреми кон својот 25-ти Гренд Слем наслов во кариерата.

Плановите на српскиот тенисер не се врзани само за нова титула на најголемите турнири. Тој сака да се обиде да освои ново злато на Олимписките игри.

По тоа што ја исполни целта и освои злато за Србија во Париз 2024 година, Ноле сака да игра и во 2028 година во Лос Анџелес, иако тогаш ќе има 41 година.

“Ќе играм на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Тие Игри се водечка светлина за мене”, вели Новак и додава:

“Нема граници. Сакам да се натпреварувам и додека се чувствувам добро, додека телото ме држи и додека играм на високо ниво, тогаш зошто да не?”, кажува Новак Ѓоковиќ.