Ѓоковиќ најави „бомба“ и го стресе тенискиот свет


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не само поради своите мајстории на теренот. За време на прес-конференцијата пред почетокот на Мастерсот во Индијан Велс, Ноле ја „запали“ тениската јавност со муабетите за враќањето на легендарната Серена Вилијамс!

Иако Американката официјално се „повлече“ (или како што вели, “еволуираше” подалеку од тенисот) во 2022 година, веста дека повторно е дел од анти-допинг протоколот (WADA) предизвика тектонски поместувања. Новак, кој ја почитува Серена безрезервно, нема дилема – враќањето е само прашање на време.

На директно прашање на новинарите дали верува дека Серена повторно ќе игра, Новак одговори во својот стил, со насмевка која навестува дека можеби знае повеќе отколку што смее да каже:

– Дали таа се враќа? Дали тоа воопшто е прашање? Мислам дека се враќа. Не знам, не сум се разговарал со неа, но се чувствува во воздухот дека се подготвува за враќање. Каде и како, сингл или дубл, не знаеме. Да сум на нејзино место, и јас би го сокривал тоа – ја вознемири Новак јавноста.