Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денес се пласираше во осминафиналето на Австралискиот Опен, но неговата победа против Томаш Махач остана во сенка на силната порака што ја испрати по мечот до студентката Соња Понјавиќ, која беше удрена од автомобил во Белград за време на вчерашните протести.
Ѓоковиќ, по својата рутинска победа, испрати „срце“ до младата студентка од Краљево, а потоа на прес-конференција соопшти изненадување што вакви насилства се случуваат во 21. век.
„Тоа беше упатено до Соња, која моментално е во болница. Бев шокиран, како и сите, кога го видов видеото. Едноставно не можам да верувам дека вакви работи се случуваат во денешно време. Не знам што му се случува во главата на човек за да направи такво нешто, да прегази друг човек, уште пак млада жена, студентка. Не знам што би додал, освен како и секогаш, да повикувам на мир и разбирање“, кажа Ѓоковиќ.