Ѓоковиќ загуби во Мајами, но го задржа петтото место на АТП листата


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја задржа петтата позиција на денес објавената АТП листа. Ѓоковиќ е на петто место со 4.510 поени.

Прв е и понатаму Италијанецот Јаник Синер со 10.330 бодови, пред Александар Зверев од Германија и Шпанецот Карлос Алкарас.

Меѓу првите 10 се и Тејлор Фриц, Каспер Руд, Џек Дрејпер, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов и Алекс Де Минор.