Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Боатенг, бранителот кој со Германија го освои СП 2014. година и кој во Баерн е веќе осум години, одигра само 91 минута оваа година.
Германски Билд, јавува дека 30-годишниот Боатенг е лут на управата на клубот и тренерот Нико Ковач бидејќи не го продадоа изминатото лето.
„Боатенг не го сокрива бесот откако го загуби местото во почетните 11 во вториот дел од сезоната. Посебно е бесен бидејќи клубот на инсистирање на Ковач му го оневозможи трансферот во ПСЖ изминатото лето“, пишува Билд и тврди дека Боатенг имал ветување од Париз дека ќе игра во првите 11.
Ковач порано му порачал дека мора да се избори за почетниот тим на Баерн.
„Играчите кои се на клупата мораат да бидат свесни дека треба да се изборат за своето место. Никој не може да биде сигурен дека ќе игра“.
Боатенг за Баерн, во кој пристигна во 2011. година од Манчестер Сити, одигра речиси 300 натпревари. Со Баерн освои се што можеше да се освои, вкупно 16 трофеи.
ПСЖ како што се наведува за него му понуди на Баерн 40 милиони евра.