Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на Ливерпул, Фабињо, кажа дека ќе се обиде да го убеди поранешниот соиграч од Монако, Килијан Мбапе да дојде на „Енфилд“.
Фабињо летово од Монако стигна на Островот и би требало да биде еден од главните играчи на Јирген Клоп.
„Килијан кажа дека ќе остане во ПСЖ и наредната сезона ќе игра за нив. Јас ќе се обидам да го убедам да се пресели во Ливерпул“, вели Фабињо.
Бразилецот во редовите на Ливерпул пристигна за сума од 50 милиони евра и потпиша договор до 2023. година.