Ѕвезда на Нигерија има сериозен бизнис и добра заработка надвор од теренот (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на репрезентацијата на Нигерија, Ахмед Муса, има сериозен бизнис во својата татковина.

Напаѓачот на Лестер сити важи за еден од најбогатите фудбалери во Нигерија, па се проценува дека има богатство од 14 милиони фунти, а покрај добрата заработка на теренот, се одлучи да отвори и приватен бизнис.

Отвори бензиска станица, која се вика Муса-7 и на тој начин има дополнителни извори на приходи.

Исто така, Муса е сопственик на спортски и фитнес центар, кој го користат голем број нигеријски спортисти.