Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Одбранбениот играч на Интер, Алесандро Бастони, се јави на своите навивачи на Инстаграм откако се смирија впечатоците по пласманот на тимот во финалето на Лигата на шампионите. Да потсетиме, Интер со 3:3 и 4:3 во две натпревари ја совлада Барселона и влезе во финалето каде што на 31 мај ќе игра против ПСЖ.
Бастони зборуваше и за еден играч на Барселона пред да се заблагодари на навивачите за поддршката.
„И посебен спомен на едно страшно добро дете: Ламине Јамал, ти си чудовиште. За сите Интеристи, се гледаме во Минхен. Благодарам за сè“, заклучи тој.
Фото: Принтскрин