Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски на денешната прес конференција истакна дека пласманот во групната фаза од Лигата на Европа е историски успех и е сплет на неколку околности.
Јаневски изјави дека набрзо ќе почне да го подготвува тимот за воведниот натпревар против Зенит.
„Ја добивме групата вчера, и можам да кажам дека истата е тешка какао и сите останати. Ние тука на Балканот повеќе би сакале тимови од средна Европа, Италија, Германија, Франција… Но, групата е таква каква што е и треба да се подготвуваме за неа. Имаме свои цели. Се боревме многу да излеземе на оваа сцена и заслужено сме тука. Треба да ги анализираме противниците, и да се подготвуваме веќе за првиот натпревар и против Зенит на домашен терен. За тој тим не треба многу да се зборува. Противникот е составен од многу репрезентативци. Имаат нов тренер Роберто Манчини, а колку можев да видам донесоа и неколку аргентински играчи. Ќе испратиме и наш човек во живо да гледа еден натпревар после репрезентатициите. Да собереме што е можно подобри информации и да се подготвиме за тој натпревар. Еуфоријата е голема, и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите навивачи и во групната фаза. Многу малку ни даваа шанса и на двата натпревари со Фенербахче, но Вардар покажа дека може. Колку бодови ќе собереме не знаеме, и ќе видиме на почеток на декември. Верувам во играчите, иако ќе биде исцрпувачка есен со оглед дека ќе немаме воопшто слободни термини. Патувањата во Европа се долги и на тоа треба да се размислуваме. Но, за мене како тренер размислувањата се дека е подобро да играме натпревари околу само да тренираме“, изјави Јаневски на денешната прес-конференција.