Јансруд победи во спуст


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кјетил Јансруд победи на претпоследниот спуст во сезоната, кој се возеше во Квитфел.

Норвешкиот скијач имаше време од 1:47.63 додека второ место беше Фил со само 8 стотинки заостанување. Трет беше Фојз од Швајцарија со 1:47.77.

31-годишниот скијач стигна до 8-та победа во кариерата во оваа дисциплина, а вкупно 19-та.

Со оваа победа тој ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Моментално има 407 бодови, 33 повеќе од 2-пласираниот Фил.

Последната трка се вози на 15-ти март во Аспен.