Јанузај летово се враќа во Премиерлига!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако има само 23 години, Аднан Јанузај во досегашниот дел од кариерата смени многу клубови.

Досега играше за Андерлехт, Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд, Сандерленд и денес е член на Реал Сосиедад.

По добрата сезона во Ла Лига, каде што на 28 натпревари постигна три гола и пет асистенции, сега постои голем интерес за неговите услуги, а еден од нив е Лестер.

Англиските медиуми пишуваат дека „лисиците“ се заинтересирани за крилниот играч, но проблем може да им претставува фактот дека прв до неговите услуги може да стигне Манчестер јунајтед бидејќи има таква клаузула во неговиот договор.

Да потсетиме, Јанузај е член на Сосиедад од минатото лето.