Јасен став на Италијанецот пред ПСЖ: Големите екипи се тука да победуваат, а не да калкулираат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот стратег, Карло Анчелоти порача пред вечерашниот меч против ПСЖ во рамки на Лигата на шампионите, дека големите екипи не калкулираат туку секогаш одат на победат.

Наполи на „Сан Паоло“ стадионот ќе го пречекаат ПСЖ во еден од најважните натпревари од групната фаза, а Анчелоти порачува дека неговиот тим ќе даде се од себе да оствари победа и да остане во добра ситуација кога е во прашање пласманот во осминафиналето од ова натпреварување.

„Никогаш не е вистинско време да играш со најдобрите екипи. Кон ПСЖ имаме голема почит, но со играта во претходниот меч покажавме дека можеме. Се наоѓаме во добар момент и ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме“, истакна Анчелоти, а потоа се насочи кон ситуацијата во групата:

„Ситуацијата за нас е добра, многу подобра по ремито во првиот меч против Звезда, но големите екипи играат да победат, а не да се занимаваат со калкулации. Прерано е да се прогнозира, далеку сме од завршување во групната фаза“.

За потсетување, Наполи моментално има пет бода, односно еден повеќе од ПСЖ кој е на третата позиција, но и еден помалку од Ливеерпул кој е лидер во групата.