Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бекот на Хјустон, Џејмс Харден верува дека тој би требало да ја добие нагрдата за најкорисен играч во НБА лигата. Но не поради својата статистика.
Харден има во просек по 28.8 поени со 11.3 асистенции и 8 скокови по натпревари, па така е трет стрелец во лигата, прв асистент, има најмногу дабл-дабл натпревари(48), а втор е по трипл-дабл(15).
„Верувам дека сум најкорисен играч. Бидејќи во претсезоната се зборуваше дека ќе бидеме 10-ти. А моментално сме 3-ти во цела НБА. Минатата година одвај изборивме плеј-оф, а сега имаме шанси да се бориме за титулата.“
„Погледнете го нашиот резултат(43-19). Погледнете ги бројките, историските бројки. Моето постигнување генерално.“
Харден е заслужен за 56.3 од 115.1 поен на тимот во просек по натпревар, а зад него е Вестбрук со 54.7 поени.