„Јас сум на раскрсница“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Александар Лаказет откри дека можеби и нема да го напушти Лион ова лето, иако веќе одамна се шпекулираше дека тој е многу блиску до Атлетико Мадрид.

Претседателот на Лион, Жан-Мишел изјави дека е постигнат договор помеѓу Лаказет и Атлетико.

„Нема сигурно да го напуштам тимот во кој ја поминав и младинската академија. Сеуште нема потпис на договор, ништо не е официјално. Можам да заминам, но не значи дека ќе го направам тоа.“

„Јас сум на раскрсница. Не отфрлам ниту една опција. Добро ми е во Лион, но би можел да заминам и на друго место.“