„Јас сум среќен човек и фудбалер“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на римската Волчица Алесандро Флоренци порача дека е многу среќен човек после што во болницата го посетија соиграчите и тренерот на Рома.

Крилниот фудбалер на екипата на Олимпико ја обнови повредата на десното колено во натпреварот од Европскаталига против Виљареал па од теренот ќе мора да отсуствува од пет до осум месеци.

Соиграчите одма наредниот ден дојдоа во болницата да го посетат, а тој после тоа порача дека е многу среќен од нивниот гест.

„Јас сум среќен човек и играч. Откривса дека имам многу луѓе кои се грижат за мене. Ви благодарам, ви благодарам, ви благодарам на сите“, напиша Флоренци на друштвените мрежи.