Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Фудбалерите на Гезтепе и Баликеширспор ремизираа во натпревар од 20-то коло во турската втора лига.
Во првото полувреме мируваа мрежите.
Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ во 73-та минута од натпреварот му донесе водство на Гезтепе. Озген во 90-та минута го израмни резултатот и му донесе бод на Баликеширспор.
Адис Јаховиќ денес го постигна 13-от погодок за Гезтепе оваа сезона и се наоѓа на врвот на листата на стрелци во турската втора лига.