Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јаја Туре своевремено важеше за еден од најдобрите играчи во среден ред во светот и беше виновник за многу големи успеси на Манчестер Сити.
Меѓутоа со текот на годините неговата форма опадна и го изгуби местото во стартната постава на Сити, а летово остана без клуб. Успеа да пронајде ангажман во Олимпијакос, клуб во кој играше во сезоната 2005/06, но грчкиот великан одлучи да ја раскине соработката после само 3 месеци.
Многумина тогаш заклучија дека Туре го допре дното, но сега 35 годишниот играч е многу близу до нов ангажман и тоа во еден од најголемите клубови на Островот.
Уште порано се појавија информации дека Јаја Туре одбил ангажмани во Кина и САД и одлучил да чека понуда од Островот, а сега и стигнала, сепак не од Англија, туку од Шкотска.
Наводно Брендан Роџерс сака да го види Туре во својот тим, па Селтик му упатил понуда на искусниот играч и веќе во јануари би можел да го облече култниот зелено-бел дрес.