Ја имитираше прославата на Диего Симеоне, па доби директен црвен картон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Диего Симеоне минатата недела беше во центарот на вниманието поради „занимливата“ прослава после гол на мечот против Јуве.

Атлетико Мадрид минатата среда во првиот натпревар во 1/8 финалето од ЛШ на свој терен го победи Јувентус со 2-0. Тој првиот гол го прослави на помалку вулгарен начин.

Тој подоцна се извини поради својата постапка, но рече дека тоа неможел да го контролира, бидејќи било од срце.

Слична работа се случи на натпревар од Серија Д во која се состанаа Прато и Виареџио.

Напаѓачот на Прато, Рикардо Морео постигна гол на овој меч а потоа направи голема глупот. Тој одлучи да го имитра Симеоне во славењето, а тоа скапо го чинеше бидејќи доби директен црвен картон. За среќа неговиот тим успеа да слави со 2-1.